Loading Video...
Фудбал
30. јуни 2019 - 16:21

Копа Америка: Перу преку Уругвај до полуфиналето

 
 
 
Репрезентацијата на Перу е последниот патник во полуфиналето на „Копа Америка“, односно јужнао-американското фудбалскиот првенство. 
 
Во последниот четвртфинален меч Перуанците го совладаа фаворитот Уругвај по подоброто изведување на пенали со 5:4, откако по 120.минути игра немаше голови. 
 
Иако Уругвајците три пати ја затресоа мрежата на Перу, сепак сите три гола беа поништени поради офсајд. 
 
Трагичар на мечот беше фудбалерот на Барселона, Луис Санчес кој беше и првиот изведувач на пеналите, а воедно и единствениот кој не успеја да реализира. 
 
Така во полуфиналето закажано за во четврток наутро од 2 часот и 30 минути, Перу за противник ќе го има бранителот на трофејот Чиле. 
 
Во првиот полуфинален меч, во среда наутро (2:30 часот) ќе играат големите ривали, домаќинот Бразил и селекцијата на Аргентина.