Loading Video...
Фудбал
4. July 2019 - 15:37

Копа Америка: Перу го елиминира бранителот на трофејот Чиле и обезбеди финале

Перу против домаќинот Бразил ќе игра во финалето на „Копа Америка“. 
 
Перуанците во вториот полуфинален меч на Јужно-американското првенство го совладаа актуелниот шампион Чиле со 3:0, со што за прв пат по 45 години се изборија за големото финале. 
 
Говите за Перу ги постигнаа: Едисон Флорес во 21-вата, Јошимар Јотун во 38-мата и Паоло Гереро во последната минута од мечот. 
 
Со тоа Перуанците не им дозволија на фудбалерите на Чиле по трет пат во низа да стигнат до финалето, а потоа и трофејот. 
 
Кој ќе го наследи Чиле ќе дознаеме во недела навечер кога од 22 часот на легендарната „Маракана“ ќе започне финалниот меч меѓу Бразил и Перу.