Loading Video...
Фудбал
16. јуни 2019 - 15:46

Копа Америка: Колумбија го доби дербито со Аргентина

Репрезентацијата на Колумбија ја победи Аргентина во првиот дерби натпревар на 46-тото издание на Копа Америка. 

Во дуел од Б групата на јужноамериканскиот шампионат, Колумбијците славеа победа со 2:0.

Откако првиот дел заврши без голови, а по бројните шанси што ги пропуштија „гаучосите“ следуваше казна во 71-минута кога Роџер Мартинез ја донесе Колумбија во водство од 1:0. Само петнаесет минути подоцна Дуван Запата го постигна и вториот гол, за голема радост и стартна победа на колумбиската репрезентација. 

Во вториот меч од оваа група вечерва од 21 часот ќе играа Парагвај и Катар, додека точно на полноќ закажан е првиот меч од Ц групата во кој ќе играат Уругвај и Еквадор.