Фудбал
27. јуни 2016 - 8:09

Копа Америка: Чиле го „потврди“ пехарот

Фудбалската репрезентација на Чиле втор пат во низа ја освои шампионската титула во престижното натпреварување Копа Америка. Ноќеска во Ист Рутерфорд, Чиле на пенали ја победи Аргентина и го задржа тронот на натпреварувањето на американските континенти. Чиле и лани во финалето на Копа Америка на пенали ја победи Аргентина.
 
По основните 90 и дополнителните 30 минути во финалето резултатот беше нерешен 0:0, па се пријде кон удари од белата точка. За Чиле единствено не реализира Артуро Видал во првата серија, а за Аргентина не погодија Лионел Меси во првата и Лукас Родриго во четвртата серија. На крајот Чилеанците славеа со 4:2.
 
Двете репрезентации дуелот го завршија со фудбалер помалку поради исклучувањата на Марсело Диаз од Чиле(28.минута) и Фаустино Рохо (43) Аргентина.
 
Во дуелот за третото место Колумбија во саботата беше поуспешна од домаќинот САД со 1:0.