Loading Video...
Фудбал
29. јуни 2019 - 16:55

Копа Америка: Аргентина закажа дуел со Бразил, бранителот на трофејот Чиле по пенали се пласира во четвртфиналето

Големото латино-американско дерби меѓу Бразил и Аргентина ќе се случи во полуфиналето на „Копа Америка“. 
 
Ова откако ноќеска Аргентинците со головите на Лаутаро Мартинез (10.минута) и 
Џовани Ло Селсо (74) ја победија Венецуала со 2:0 во четвртфиналето во кое претходно домаќинот на првенството Бразил беше подобар од Парагвај на пенали (4:3). 
 
Големата пресметка за влез во финалето ќе се игра во Бело Хоризионте во среда наутро во 2 часот и 30 минути. 
 
Бранителот на шампионскиот трофеј Чиле место во полуфиналето обезбеди по „пенал рулетот“ со Колумбија кој го доби со 5:4, откако по 120.минути игра немаше голови. 
 
Во последната пета серија, за кај Колумбија не успеа да реализира Вилијам Тесиљао, а за Чилеанците погоди Алексис Санчез. Противникот на Чиле во полуфиналето ќе биде познат вечерва откако во последниот четвтфинален меч (од 21 часот) ќе играат Уругвај и Перу.