„Конзервираме заедно“ - средба на мали производители на храна од Македонија, Франција, Унгарија и Бугарија
Мали производители на храна и претставници на невладини организации од Република Македонија, Франција, Унгарија и Бугарија денеска, утре и задутре, преку „Слоу Фуд Водно“, ќе се соберат на заедничко дружење во Скопје и Куманово.
Дружењето е во организација на проектот „Конзервираме заедно“.
- Производители од Македонија, Долна Нормандија, невладини организации кои работат на полето на храната и професори заедно ќе дискутираат за вредноста на органското производство, природниот начин на конзервирање и едукацијата на консументите од страна на производителите, објаснува вели координаторот на проектот од Македонија, а воедно и претседател на Слоу Фуд Водно, Василка Стефановска.
Учесниците ќе имаат средба со производителите на преработки и ароматични растенија, ќе присуствуваат на предавања каде фокусот ќе биде ставен на органското производство и на тоа, како овие производи да се доближат до консументите, додека последниот ден настанот ќе биде посветен на работилницата „Македонски ајвар“.
- Ова ќе биде одлична можност за партнерите од проектот да го почувствуваат мирисот на пиперки, а потоа и да го вкусат овој препознатлив македонски традиционален производи да научат дел од начините за конзервирање на храна во домашни услови, истакнува Стефановска.
Знаењето, обуките и активностите од проектот ќе овозможат локалните производители да ги подобрат комуникациските вештини, едукативно да се надоградат во однос на односот со консументите и да стекнат познавања во областа на маркетингот за сами да ги пласираат своите производи на пазарот.
„Конзервираме заедно“ е проект, финансиран од Еразмус+, кој почна во јули 2014, а ќе трае до март 2016. Носител е Франција, додека Македонија преку Слоу Фуд Водно, заедно со Бугарија и Унгарија се партнери во проектот. Целта е воведување нова форма на промоција на локалните производи каде производителите се во улога на обучувачи на консументите, обезбедување информации директно од производителите од каде потекнува храната која се консумира и покревање иницијатива за одредена група потрошувачи да станат идни производители.
Ново на Сител
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти