Конзервативците на Меј во убедлива предност пред изборите на 8 јуни
Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј има уверлива предност пред опозициските лабуристи пред предвремените парламентарни избори предвидени за 8 јуни, покажува истражувањето на агенцијата „Југав“.
Доколку сега би се одржале изборите, конзервативците би освоиле 44 отсто од гласовите, додека за Лабуристичката партија на левичарот Џереми Корбин би гласале 23 отсто од Британците.
На трето место би се пласирала партијата Либерални демократи, која би добила 12 отсто, додека четврта е десничарската и антиевропска Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП), за која би се определиле десет проценти од гласачите. Сите други партии, би ги поделиле меѓу себе преостанатите десет отсто од гласовите.
Претходно направената анкета на агенцијата „Комрес“, го покажува истиот однос на силите, со таа разлика што во ова истражување разликата меѓу првите две партии е помала и изнесува 16 отсто, како и дека позицијата на УКИП била подобра од сегашната.
Истражувањата за изборите за британскиот Парламент, покажуваат дека Шкотската национална партија (СНП) на Никола Старџен и натаму ќе биде доминантна политичка сила во овој дел од Велика Британија, добивајќи далеку најмногу гласови, додека во Северна Ирска , битката ќе се води меѓу двете и сега, главни партии во покраината - Демократската унионистичка партија (ДУП) и републиканската католичка Шин Феин.
Доколку анкетите на овие две британски агенции се покажат точни, тоа значи дека Меј и нејзините конзервативци би обезбедиле мнозинство во Долниот дом во Вестминстер од околу 140 пратеници, додека Лабуристичката партија би доживеала политички дебакл, освојувајќи помалку од 200 пратеници, што би бил нејзиниот најлош резултат уште од триесетите години на 20-от век.
Лондонските медиуми оценуваат дека ваквиот рејтинг на партиите бил единствениот мотив на Тереза Меј за предвремените избори, иако досега постојано тврдеше дека нема да има избори до крајот на овој мандат до мај 2020 година, што го освои претходниот ториевски лидер Дејвид Камерон на изборите во мај 2015 година.
Според медиумите, конзервативците верваат дека со предвремените избори „ќе ги прегазат лабуристите“, но и целосно ќе ја „збришат од политичката сцена“ десничарската УКИП, која по одлуката за Брегзит ја „загуби смислата за своето постоење“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово