Свет
14. July 2016 - 16:37

Контроверзниот Борис Џонсон - нов шеф на британската дипломатија, бројни реакции на изборот

Контроверзниот Борис Џонсон повторно ги полни насловните страници.

Додека новата челична дама гостува во кралскиот дворец, светот се чуди на нејзиниот избор.

Борис Џонсон не сакаше да застане на чело на ОК но ја прифати понудата да биде шеф на дипломатијата. Токму оваа негова позиција го крена светот на нозе.

-Бог нека му помогне и нека го промени, по Брегзит следува нов егзит. Посакував да е шега но веројатно не е напиша на својот твитер профил поранешниот шведски премиер Карл Билд.

-Борис Џонсон е обичен лажго, реаѓира  шефот на Француската дипломатија.

Дури и британските медиуми се зачудени од одлуката како што велат  разбушавениот Џонсон со полно стомаче да биде шеф на британската дипломатија.

Турскиот премиер го замоли бог да му помогне на Џонсон кој ја нападнал земјата од која потекнува неговиот прадедо.  Турците никогаш нема да ги заборават ниту навредите за љубовниот живот на Ердоган.

Иако Џонсон не внимаваше ниту на американските преседатели Буш и Обама, па не штедеше зборви ниту за Трамп и Хилари Клинтон која му личела на садистичка медицинска сестра од ментална установа, сепак  Стејт Департментот барем засега настапува оптмистички.

Борис Џонсон својата кариера ја започнува како новинар, пишувајки за Тајмс, па како дописник од Брисел за Телеграф. Џонсон осум години беше градоначалник на Лондон, пред да одлучи да влезе во тркатра за пратеник минатата година.  Дипломат можеби не е но Џонсон сигурно ќе остане запаметен.