Контроверзен експеримент на британските научници за побрз развој на вакцина против Ковид-19
– Британските истражувачи се подготвуваат да почнат контроверзен експеримент во кој ќе инфицираат здрави доброволци со новиот коронавирус со цел подобро да ја проучат болеста и да го забрзаат развојот на вакцина.
Пристапот наречен студија на предизвик, е ризичен, но според научниците може побрзо да доведе до резултати во однос на стандардното истражување.
Владата на Велика Британија најави дека ќе вложи 33,6 милиони фунти.
Кралскиот колеџ Лондон денеска соопшти дека во истражувањето ќе бидат вклучени доброволци од 18 до 30 години.
– Никогаш не е лесно мамерното заразување на доброволци со познат човечки патоген, изјави професор Питер Опеншоу, додавајќи оти таквите студии овозможуваат исклучително важни информации за болеста.
Во првата фаза од студијата, истражувачите ќе се обидат да го утврдат најмалото ниво на изложеност потребно за предизвикување на болеста, а потоа ќе го користат истиот метод на предизвик за да проучат како потенцијалните вакцини дејствуваат во телото, имунолошкиот одговор на телото и потенцијалните третмани.
Претседавачката со Работната група за вакцини Кејт Бингам изјави дека истражувањето ќе доведе до сознанија за имунитетот и колку долго вакцината може да штити од повторна инфекција.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација