Контролирани 38 возила за јавен превоз на подрачјето на СВР Тетово, санкционирани пет недостатоци
Тетовската полиција информира дека утринава од од 06.00 до 10.00 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси, комбиња и такси комбиња. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани се пет прекршоци на гостиварското подрачје за технички и други недостатоци.
-Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а три возила веднаш се исклучени од сообраќај. При контролата, исто така, санкционирани биле и три други видови сообраќајни прекршоци, од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Портпаролот најави дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и посебно пред и со почетокот на новата учебна година, зашто од и кон Тетово и Гостивар секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици од основните и средните училишта на подрачјето.
Ново на Сител
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата