Loading Video...
Македонија
26. September 2015 - 17:06

Континуитетот на грчката влада ќе води кон договор за добрососедство и решавање на спорот за името

Посетата на министерот за надворешни работи Никола Попоски на Грција дефинитивно ќе се реализира во октомври, откако претходно доби покана од старо-новиот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Според аналитичарот Сашо Клековски со повторниот избор на Коѕијас може да се очекува континуитет во грчката надворешна политика. Тој се надева дека нејзиниот нов мандат ќе потрае подолго што отвора оптимална можност за решение на спорот за името. Токму спогодбата за мерки за градење доверба што ја потпишаа двајцата министри е вовед во меморандум за градење добрососедство, што пак би водел кон договор за добрососедство.

- Бидејќи моја претпоставка е дека спорот за името, двете земји, како и другите билатерални прашања дефинитивно ќе ги затворат со договор за добросоедство, како што со другите соседи, пред се со Бугарија минуваме низ една таква фаза на затворање на меѓусебните отворени прашања, смета Клековски.

За Клековски повторното присуство на екстремниот националист Панос Каменос и неговата партија во владата е дури и добар чекор.

-На таа влада ќе и овозможи евентуалниот договор и евентуалните наредни чекори што треба да се преземат полесно, условно кажувам, да ги продаде, да ги пласира во десниот спектар на грчките граѓани и гласачи, бидејќи левиот спектар секако е поотворен кон решавање. И можеби г-динот Каменос, како комуникатор со десната, да не кажам екстремна страна, е добар начин да се протуркаат овие работи во наредниот период, вели Клековски за Сител.

Според Клековски решение за името е можно во среден рок од 2-3 години, како дел од договор за добросоедство, а истот е во директна корелација со кипарското прашање, кое е на агендата во јануари. Неговото решавање ќе води и кон затворање на спорот за името со Македонија.