Контингент на Армијата ќе учествува на вежбата „Syber Junction 19”
Во Касарната „Јане Сандански“ во Штип, денеска ќе се одржи церемонија на упатување на контингент на Армијата на Република Северна Македонија на вежбата „Syber Junction 19”.
На церемонијата по тој повод ќе се обратат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик началникот на ГШ, генерал мајор, Азим Нуредин и заменик шеф на мисијата на САД, Џенифер Литлџон, а ќе присуствуваат претставници и од Канцеларијата за одбранбена соработка на САД.
Вежбата „Syber Junction 19” ќе се реализира во СР Германија и е во организација на Командата на копнените сили на САД за Европа (USAREUR). Вежбата е една од најголемите вежби оваа година која ќе се реализира во Европа и на истата ќе има учесници од повеќе од 20 партнерски земји. Армијата на Република Северна Македонија, ќе има значајна улога на оваа вежба на која ќе учествува со една пешадиска чета од Здружената оперативна команда и еден вод од Полкот за специјални операции.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс