Македонија
7. November 2019 - 16:35

Контејнери и диви депонии и натаму се палат - нема информации од засилените инспекции

Во екот на засилени инспекциски контроли, секојдневно горат контејнери и диви депонии. Десетина контејнери се пеплосани за само неколку дена. 1 од новите контејнери синоќа беше уништен пред зградата на генералштабот, објект кој го чува војската.

Другиот контејнер е запален во Чаир. Веќе една недела откако инспекторите и полицијата се координирана акција, нема информација колку казни се изречени и дали се лоцирани загадувачите. За дивата депонија во Шутка, каде одамна беше најавено чистење, премиерот сега вели дека сеуште се води постапка.

За да исчистите потребни се пари, тоа се јавни пари и мора да има постапка. Тоа се големи зафати, општината тие ги нема...

Ниту премиерот не откри како тече засилената акција на инспекторите кои требаше секојдневно да поднесувааат извештај до него . Вината за дивиот смет не ја наоѓа кај градоначалниците туку смета дека креатори се граѓаните. Пред 4 дена усвоена е одлука за регионална депонија која ќе биде финансирана од ЕУ.

– Да не креираат граѓаните  ? Сите треба да ја гледаат својата работа. Еве јас како поранешен  градоначалник, во Македонија немаме ниту една легална регионална депонија тоа е голем проблем. Затоа усвоивме одлука за рег депонија за североисточниот и источниот регион, опфаќа 2 региони од вкупно 8. 37 милиони евра од ЕУ заедно со ЕБРД....

Заменикот за животна средина беше во посета на Кочани од каде  ги демантираше информациите дека токму овој град имал загаден воздух деновиве. Инспекторите издале наредба на една поранешна  фабрика за хартија да постави филтер бидејќи го променила енергенсот.

-Се гледа, ниеден ден немало емисиии, единствено валидно се 24 просек од емисиите на концентрациите...

Токму инструментите кои го мерат загадувањето не се во функција во повеќето мерни станици и граѓаните не можат да се информираат за квалитето на воздухот што го дишат. Макрадули веќе долго време најавува нивна замена. Според официјалните податоци, денеска Струмица е најзагаден град во земјава. Измерени се 625мг на метар кубен ПМ 10 честички, додека ПМ2,5 не се мерат веќе долго време.