Фудбал
5. April 2016 - 19:16

Конте во Челзи или во затвор?!

Антонио Конте од клупата на националниот тим би можел да се пресели во затвор, а не во Челзи, пренесоа во вторникот италијанските медиуми.
 
Италијанскиот селектор кој во понеделникот потпиша тригодишен договор со Челзи, се соочува со сериозна казна поради вмешаност во местење на натпревари.
 
Конте, во 2011 година, бил запознат дека мечот помеѓу Сиена, чиј тренер тогаш беше токму тој и Албинолефе е наместен, но не ја известил полицијата.
 
Поради тоа обвинителот од Кремона бара шестмесечен притвор за Конте и условна казна со шестмесечна суспензија.
 
Казната на Конте може да му биде намалена за една третина бидејќи тој се согласил да има „брзо судење“, односно се работи за судење на кое одбраната не претставува докази, туку му остава на судијата по прелиминарното сослушување да ја донесе пресудата.
 
Ова ги забрзува правосудните процеси во Италија, а осудените добиваат помали казни од она што е пропишано со законот.
 
Доколку судот одлучи дека Конте е виновен, тој таа одлука може да ја обжали во две повисоки судски инстанци, па дури кога тие ќе донесат пресуда, истата ќе стане правосилна.
 
Според италијанските медиуми, пресудата би требало да биде донесена за еден месец, што би можело да влијае врз подготовките на италијанската репрезентација за Европското првенство во Франција.