-->
-->
Конте по поразот од Лацио: Овој натпревар јасно покажа дека Наполи е на добар пат
-->

Тренерот на Наполи, Антонио Конте е задоволен од изданието на неговиот тим и покрај поразот (0:1) од Лацио во 15. коло од Италијанското фудбалско првенство.
– Не сум незадоволен или разочаран. Денешниот натпревар јасно покажа дека сме на добар пат. Се обидуваме да ја контролираме играта и додека ја поседуваме топката, создаваме ситуации кои му се закануваат на противникот. Треба да се подобриме од оваа гледна точка. Одигравме добар натпревар со одличен став и агресивност против толку добар тим како што е Лацио, изјави Конте за италијанските медиуми.
По овој натпревар Лацио е на петтото место во поредокот со 31 бод, второпласиран е Наполи со 32 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
