Конте по победата над Борусија Менхенгладбах: Сè уште сме живи, и ова е главната работа
Тренерот на Интер, Антонио Конте ги сумираше впечатоците од натпреварот од 5. коло во фудбалската Лига на шампионите против Борусија Менхенгладбах (3:2).
– Треба да бидете одличен тим, во спротивно нема да ја поразите оваа Борусија, која сега е во добра форма. Заслуживме да победиме, можевме да избегнеме некои ризици на крајот од средбата, но сепак сме живи, и ова е главната работа, истакна Конте.
Честитки до моите фудбалери, бидејќи играа максимално посветено. Сè уште не сме ја поминале групата, но јас сум задоволен, бидејќи тимот демонстрира голема волја, голема желба да ги задоволиме нашите навивачи, додаде италијанскиот стратег.
На едно коло до крајот во Б-групата, лидер е Борусија Менхенгладбах со 8 бода, Шахтјор и Реал Мадрид имаат по 7, Интер е последен со 5.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право