-->
-->
Конте незадоволен до дефанзивците?!
-->
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, сака од тимот да ги исфрли дефанзивците Бранислав Ивановиќ и Гери Кејхил, пренесуваат во понеделникот британските медиуми.
Челзи, во саботата, го загуби градското дерби кај Арсенал (0-3), а Ивановиќ и Кејхил се виновниците за првиот гол кој го постигна Алексис Санчез. Влијателниот Daily Mail пренесе дека Конте има намера уште во јануарскиот преоден рок овие двајца да ги замени со нови играчи.
Челзи, во претходниот преоден рок, ја засили дефанзивата со Давид Луиз и Маркос Алонсо, но Конте во јануари сака да донесе уште тројца нови играчи во дефанзивата.
Според истиот извор Конте е заинтересиран за Мајкл Кин од Барнли и Бен Гибсон од Мидлсброу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи