Фудбал
15. јуни 2016 - 13:46

Конте: „Ќе ве убијам сите“!

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Антонио  Конте важи за перфекционист кога се зборува за тренерската работа а покрај тоа покажа и темперамент на првата средба со Белија на ЕП во Франција ккоја „азурите“ ја добија со 2-0. И покрај победата Конте луто реагираше и приговараше кон своите играчи. 

Особено беше лут кога Ромел Лукаку влезе во шанса по асистенцијата на де Брујн и за малку не го матира Буфон. Конте скокна од клупата викајќи- Сите ќе ве убијам! се разбира зачинето со многу пцовки....