Фудбал
11. January 2021 - 10:04

Конте: Интер нема да купува играчи во зимскиот трансфер рок

Тренерот на Интер, Антонио Конте, изјави дека во претстојниот трансфер прозорец клубот нема да донесе нови играчи.

– Интер има одличен состав и јас ќе продолжам да работам со овие играчи. Така, можете да заборавите на засилувања во текот на зимата. Не сакам да се зборува дали јас имам желба за нови фудбалери, истакна Конте.

Миланезите во моментов се втори во Серија А со 37 бода.

Претходно, клубот беше елиминиран од европските купови, завршувајќи на последното место во групата во Лигата на шампионите со Шахтјор Доњецк, Борусија Менхенгладбах и Реал Мадрид.