Спорт плус
10. July 2016 - 17:00

Контадор се повлече од Тур де Франс

Двократниот шампион на Тур де Франс, Алберто Контадор одлучи да се повлече од трката во 9. етапа поради грозница. На нешто повеќе од 100 километри до целта, Контадор застана крај патеката, се симна од велосипедот и замина со автомобил на својата екипа. Контадор падна во првите две етапи и загуби многу време за водечките на трката. По 8 етапи беше дури 20-ти со 3 минутно  заостанување зад Фрум.