Македонија
27. July 2018 - 16:16

Консултантка ангажирана од ФИТР добила грант, тврди дека немала судир на интереси

Фирмата Стратум Рид од Скопје прво ги пишувала проектите на фирмите кои аплицирале за гранд од Фондот за иновации, а подоцна и добила пари за сопствен проект. ВМРО-ДПМНЕ објави нов скандал поврзан со делењето државни пари од фондот. Опозицијата обвинува дека ова е класичен пример за конфликт на интереси.  

Вчера прашавме дали луѓе од Фондот се состанувале со менаџментите на компаниите, а денес гледаме дека ангажирана во Фондот за иновации и пишување проекти, добила грант. Одговорот го добија граѓаните уште веднаш.
Јавноста затоа прашува дали овде постои основан сомнеж дека се работи за договарање во четири очи со лице кое има конфликт на интереси.
Ниту Фондот, ниту Кузмановиќ не почуствувале потреба да биде изземена при доделувањето на грантови, што отвора сомнеж дека имале фаворизирана позиција во доделувањето на грант за наводна иновативност, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Во телефонски разговор за Сител сопственичката на Стратум Рид вели дека во овие обвинувања нема никаков конфликт на интереси. Весна Кузмановиќ вели дека е горда што за добиените пари  и помагала на конкуренцијата.

Претходно на листата фирми кои добија гранд од Фондот за иновации се најдоа и фирми во кои косопственици се вицепремиерот Кочо Анѓушев и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец, како и компании на блиски роднини на членови и функционери на владејачката партија. Опозицијата побвеќепати побара функционерите да понесат морална одгвоорност, но премиерот Заев одгвори дека оставки нема да побара бијдеќи компаниите ги повлекле апликациите и не го прекршиле законот.