Македонија
20. April 2017 - 19:04

Конститутивната собраниска седница продолжува утре

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори за Тиранската платформа, СДСМ втор ден молчи.

Граѓаните се изманипулирани и со право бараат нови избори сметаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираат дека овој постизборен документ ја продлабочи политичката криза.

Според пратениците од албанскиот блок, декларацијата на албанските партии не ги загрозува националните интереси на Македонија.

Преку процедурална забелешка пратениците на СДСМ единствено реагираа дека се крши Деловникот за работа на Собранието, а пратениците дебатираат на теми надвор од точката на дневен ред.

За ВМРО-ДПМНЕ тоа е обид да се избегнат одговорите кои ги бараат граѓаните.

За збор се пријавени уште 42 пратеници. Собраниската дебата за избор на претседател и состав на  комисијата за избор и именувања продолжува и утре.