Конститутивната седница на косовскиот парламент најдоцна до среда
Конститувната седница на новиот косовски законодавен дом ќе се одржи наредната недела,најверојатно в среда,потврдија од победничката коалиција ПАН (Демократска партија, Алијасата за иднината на Косово и инцијативата за Косово).
Тие тврдат дека го обезбедиле потребниот број пратеници и оти очекуваат истиот ден да биде изгласана и новата влада.
Ова, според нив,било разговарано ни на средбата на претседателот Хашим Тачи и кандидатот за премиер од коалцијата ПАН,Рамуш Харадинај. На средбата прсуствал и пратеникот на Алијасата, Даут Харадинај и поранешниот министер за животна средина, Дардан Гаши.
Од друга страна,пратениците на Демократскот сојуз на Косово и Алијасата за Ново Косово (коалиција ЛАА) велат дека нема да го дадат нивнот глас за Рамуш Хараднај за премер,пишува приштински „Зери“.
Според освоените гласови, коалицијата ПАН,има 39 пратенички мандати, Движењето „Самоопределување“ 32, коалицијата ЛАА 29 пратеници.Во 120-члениот парламент по десет пратеници,кои се загарнтирани, имаат Србите и партиите на немнозинските етнички заедници.
Западните земји,вчера побараа од новоизбраните членови на Парламентот на Косово да го забрзаат формирањето на влада, бидејќи од изборите помина повеќе од еден месец.
Амбасадата на Франција, на Германија, на Италија, на Велика Британија и на САД издадоа заедничко соопштение во кое се наведува дека новите пратеници се „одговорни за формирање на нова влада“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација