Балкан
24. July 2017 - 17:16

Конститутивната седница на косовскиот Парламент ќе се одржи на трети август

Претседателот на Косово, Хашим Тачи првата конститутивната седница на Парламентот ја закажа на трети август.

Денешните консултации кај претседателот беа бојкотирани од поголемиот број партии освен од така наречената „воена коалиција“ составена од Демократската партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово.

Но, и покрај бојкотот, Тачи конститутивната седница ја закажа на трети август.

Коалицијата на Демократската партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово на изборите на 11 јуни освои 39 мандати, Движењето Самоопределување - 32, коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово и Алијанса за ново Косово - 29 пратеници. Другите 20 места во Парламентот се за етничките малцинства.