Балкан
22. July 2020 - 9:10

Конститутивна седница на хрватскиот Сабор

 Само 17 денови по изборите, со посебни епидемиолошки мерки и без присуство на шефот на државата Зоран Милановиќ, во Хрватска денеска ќе биде конституиран 10. парламентарен состав од независноста на земјата.

Претседател на Саборот повторно ќе биде Гордан Јандроковиќ, кој на таа функција се наоѓа од мај 2017 година.

Саборот до крајот на неделава треба да ја потврди новата хрватска влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе има 16, наместо досегашните 20 ресори.

Својата прва конститутивна седница Саборот ќе ја одржи почитувајќи ги епидемиолошките мерки, сите ќе носат заштитни маски, а ќе биде обезбедена и неопходната физичка дистанца.