Балкан
9. September 2017 - 19:16

Конституивната седница на албанскиот Парламент продолжува попладне

Албанските народни избранци ја почнаа конституивната седница и откако беа прочитани имињата на сите 140 пратеници беше избрана верфикациона комисија. Веднаш потоа претседавачот Бесник Барај најави продолжение на седницата  за попладне во 18 часот, кога се очекува Грамоз Ручи да биде избран за претседател на парламентот.

Лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, кој во Парламентот се враќа по седум години, побара збор но не му беше дозволено.

По завршување на првиот дел од седницата, Демократската партија и Движењето за социјалстичка интеграција се прознесоа дека се против изборот на Ручи, поради „неговата вмешаност во комунистичкиот режим“.

Демократите најавија простест поради гласањето во 18 асот, во исто време кога во Парламентот треба да ја продолжи конститувната седница. Поддршка добија од поранешните политички осуденици.

Во деветтиот по ред законодавен дом, по падот на тоталитарниот режим, 61 од 140 пратенци  првпат се избрани на оваа функција. Од вкупниот број 36 се бизнисмени, исто толку правници, 31економисти, 14 лекари, 10 инжењери, останатите се од областа на културата и  литературата.

Според партиската припадност, 74 пратенци се од Социјалистчката партија,43 Демократската, 19 Движење за социјалистичка интеграција, тројца од Партијата за единство и правда (партија на протераните Чами од Грција) и еден пратеник од Социјалдемократската партија.

Од 1991 година Социјалистичката партија е единствена партија, која ќе формира влада без коалицирање со друга.