Конкурсот за манифестацијата „Топол културен бран“ до 27 мај
Министерството за култура информира дека е во тек Конкурсот за учество во финансирање проект од национален интерес во културата, манифестација „Топол културен бран“ во 2016 година.
- Со цел постигнување правилна деметрополизација на културата и рамномерен локален културен развој во земјава, Министерството за култура и во 2016 година обезбеди средства од буџетот на Република Македонија за реализација на манифестацијата „Топол културен бран“, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Манифестацијата ќе се реализира преку заедничко финансирање од страна на Министерството за култура и локалната самоуправа со обезбеден партнерски и финансиски однос за остварување на културните потреби на сите граѓани. Настаните, како и секоја година, ќе се реализираат во две етапи - првата во јули, а втората во август 2016 година.
Право на учество на Конкурсот имаат општините во Република Македонија кои треба да достават прецизна и сеопфатна програма со проекти од сите области на културата: филм, театар, музика, танц, литература и ликовна уметност.
Програмскиот концепт може да содржи самостојни и групни ликовни изложби, концерти од сите музички форми и жанрови (солистички, камерни, симфониски, популарни, етно и џез концерти, концерти на фолклорни и на хорски ансамбли и слично), изведби на класичен и на современ танц, филмски проекции, драмски претстави, проекти наменети за најмладата популација, поетски читања и друго.
Пријавувањето на програмата се врши со доставување уредно пополнета пријава која треба да се преземе од веб–локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk) и да се пополни електронски со впишување податоци на означеното место. Конкурсниот рок трае заклучно со 27 мај годинава.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација