Конкурсот „Антево перо“ за необјавена поетска книга отворен до 31 август
До 31 август 2018 е отворен конкурсот за необјавена поетска книга за автори кои творат на македонски јазик, која ја доделува Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“ востановена во чест на творештвото на Анте Поповски.
Манифестацијата планира издавање на победничкиот наслов и негова промоција кон крајот на септември со неколку читања во спомен-собата на Анте Поповски во Општина Ѓорче Петров и во родното место на авторот - Лазарополе.
Пристигнатите авторски дела ќе бидат разгледувани од петчлена комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), Кристина Николовска (професор и писател), Митко Гогов (писател), Атина Цветаноска (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски).
Повеќе информации за конкурсот се објавени на фејсбук-страницата Антево перо.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи