Македонија
9. August 2018 - 9:33

Конкурсот „Антево перо“ за необјавена поетска книга отворен до 31 август

До 31 август 2018 е отворен конкурсот за необјавена поетска книга за автори кои творат на македонски јазик, која ја доделува Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“ востановена во чест на творештвото на Анте Поповски. 

Манифестацијата планира издавање на победничкиот наслов и негова  промоција кон крајот на септември со неколку читања во спомен-собата на Анте Поповски во Општина Ѓорче Петров и во родното место на авторот - Лазарополе. 

Пристигнатите авторски дела ќе бидат разгледувани од петчлена комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), Кристина Николовска (професор и писател), Митко Гогов (писател), Атина Цветаноска (книжевен истражувач) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски).

Повеќе информации за конкурсот се објавени на фејсбук-страницата Антево перо