Македонија
1. March 2019 - 10:07

Конкурс за стипендии за студии на универзитeти рангирани на Шангајската листа

 Министерството за образование и наука ги објави  конкурсите за доделување стипендии за македонски државјани кои во академската 2019/2020 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на универзитет кој e на последната објавена ранг-листа на Центарот за универзитети од светска класа при универзитететот Џио Тонг од Шангај.

Стипендиите се доделуваат ако кандидатот е запишан на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектура, градежништво, математика, меѓународно право, економија и финансии, физика, биологија, хемија и генетика.

За сите три цилуси на студии (додипломски, постдипломски и докторски) на корисникот на стипендија му се надоместуваат трошоците за уписнина во висина од најмногу 40.000 американски долари годишно. Секој повисок износ за уписнина од наведениот е на товар на студентот. Избраниот кандидат ќе добие и еден повратен авионски билет, а месечната стипендија се исплаќа согласно со Решението за утврдување на начинот на пресметка на трошоците за месечна стипендија на студенти кои студираат во странство за 2019/2020, врз основа на Листата на индекси на цени за животни трошоци на Обединетите нации.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 15 септември 2019 година. Документите треба да се достават на адреса на Министерството за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје, со назнака: стипендии за академски студии од прв (односно втор или трет) циклус во странство.

Во трите конкурси, кои се објавени на веб-страницата на МОН, наведени се потребните документи и критериумите за избор на кандидатите за стипендија, како и обврските што тие ќе ги имаат кон државата по завршувањето на студиите во странство