Македонија
24. October 2019 - 13:05

Конкурс за новинарски текст на тема „Тебе, граду мој“

По повод Денот на ослободувањето на главниот град – 13 Ноември, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Град Скопје распишуваат конкурс за новинарски текст на тема „Тебе, граду мој“.

Дирекција за култура и уметност на Скопје информира дека авторските текстови треба да содржат проблемски, рефлексивни и визионерски аспекти за Градот и да ја афирмираат определбата за европско Скопје, без дневно-политички конотации.

Есеите се ипраќаат на e-mail адресата: skleto@unet.com.mk, а краен рок за испраќање е петти ноември 2019 година.

На конкурсот своите текстови можат да ги пријават новинари на медиумите кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радио-дифузните (ТВ-канали, радио-станици) и во интернет-медиумите (портали и блогови).

Текстовите треба да се испраќаат под полно име и презиме (без шифра или псевдоним) и со контактите на кандидатот (назив на медиумот за кој есеистот работи на новинарски задачи, телефон, е-меил, придружени кон неговиот потпис. Сите овие податоци се испишуваат еден под друг, на крајната лева страна од самиот почеток на текстот).

Секој автор може да учествува само со по еден текст. Во рамките на темата „Тебе, граду мој“, испратениот текст треба да содржи и сопствен, специфичен наслов. Текстот треба да содржи од 400 до 500 зборови (не) сметајќи ги растојанијата, во фонт Times new roman -12 со македонска поддршка.

Текстовите на други теми, со дневно-политички потходи и оние кои го надминуваат споменатиот обем нема да бидат земени предвид.

Новинарите од различни етнички припадности, есеите можат да ги испратат во верзија напишана на својот мајчин јазик (во фонт Аriel -12, со поддршка на соодветнот јазик) и во продолжение на истиот фајл – со превод на македонски.

Конкурсот е во рамки на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ што ќе се одржи од 25-ти до 1-ви ноември 2019 година.

Пристигнатите творби ќе конкурираат за три, непарични награди. Првата награда – лаптоп сметач, втората – андроид телефонски апарат и третата – андроид телефонски апарат или хард диск. Секоја од трите награди мораат задолжително да бидат доделени, меѓу три од пристигнатите текстови.

Наградите кои ќе ги изгласа тричлена Комисијата на конкурсот, ќе бидат врачени на 20 ноември 2019 година. За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат известени веднаш по донесувањето на одлуката на Комисијата на овој конкурс, пред свеченото врачување на трите наградени трудови.

Проектот е поддржан од Делегацијата на Европската Унија.