-->
-->
Конкурс за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
-->
Министерството за култура на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk) го објави Конкурсот за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, кој ќе трае од 1-ви до 31 октомври 2016 година.
Со наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството и во една година може да се доделат најмногу две награди.
Ја доделува Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата.
Оваа државна награда се врачува во Собранието на Република Македонија на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин. Наградата првпат е доделена во 1969 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите