Фудбал
9. July 2015 - 8:34

Конкакаф: Без победник во 1.коло од Б групата

Без победник завршија двете ноќешни средби од 1.коло во групата Б на фудбалското првенство на кое учествуваат репрезентации од Северна и Средна Америка и Карибите.
 
Ефикасен натпревар со четири погодоци во Лос Анџелес одиграа Костарика и Јамајка. Головите за Костарика ги постигнаа Рој Милер и Давид Рамирез, додека за Јамајка погодија Герет Мекклери и Џоел Мекнауф.
 
Постигнати резултати:
 
Костарика – Јамајка 2:2 и
Ел Салвадор – Канада 0:0.
 
На табелата сите четири репрезентации имаат по еден бод.
 
Доцна вечер стартуваат натпреварите од Ц-групата. Двојките се:
 
Тринидад – Гватемала и
Мексико – Куба.