Македонија
19. July 2017 - 13:24

Коњаниците од Илинденскиот марш ќе тренираат на кејот на Вардар

Коњаниците, кои оваа година ќе учествуваат на 39-от традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден попладнево ќе одржат тренинг покрај кејот на реката Вардар, информира општина Аеродром.

„Илинденскиот марш 2017“ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, на кој ќе учествуваат 20 коњаници на возраст од 18 до 65 години, како и коњаници од различни градови, односно од Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, ќе стартува од општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево.