Свет
24. October 2016 - 12:59

Конгресот го обвини Мадуро за државен удар

Конгресот на Венецуела усвои резолуција во која се наведува дека режимот на претседателот Николас Мадуро извршил државен удар, кога спречил одржување референдум за отповикување на Мадуро.

Судот, близок до администрацијата на Мадуро, во четвртокот го блокираше обидот на опозицијата да го отповика Мадури, а пратениците денеска, на вонредна седница ветија дека тој ќе биде изведен пред суд.

Мнозинството пратеници во Конгресот се опозиција на социјалистичкиот лидер Мадуро.