Македонија
9. September 2016 - 16:10

Конгресменката Кендси Милер: Македонија е најверен сојузник на САД

Македонија е еден од најверните сојузници на САД и има направено повеќе од доволно за да биде дел од НАТО, порача конгресменката Кендис С. Милер од Мичиген вчера во Претставничкиот дом во американскиот Конгрес во говорот што го одржа за македонската заедница во САД во чест на 25-годишнината од независноста на Македонија.

- Од 2001 наваму, Македонија е еден од најверните сојузници на Соединетите Американски Држави во војната против теророт. Македонија беше четврта држава во светот по бројот на испратени трупи по глава на жител во Авганистан. Македонски трупи исто така чуваа американски трупи во Босна и на Косово. За држава од нешто повеќе од два милиони жители, Македонија има направено повеќе од доволно за да биде дел од НАТО. Па така, Ве повикувам да ми се придружите мене и на 56-те мои колеги со кои ја спонзорираме Резолуцијата 56 во Претставничкиот дом за прием на Македонија во НАТО што поскоро.

Конгресменката е избрана во Детроит каде што живеат голем број на македонски иселеници. Таа се осфрнала и на бегалската криза.

- Државните институции достоинствено одговорија на напливот од мигранти, преземајќи мерки како дневни возови за превоз на мигранти од јужната до северната граница. Република Македонија има потреба од континуирана американска поддршка за партнерството помеѓу двете земји да остане силно, рече Милер.

Милер ги охрабрила македонските политичари да ги продолжат демократските реформи и реформите во владеењето на правото. На крај потесетила на природната катастрофа која го потсети скопје и ги замилила членовите на конгресот за 1 минута молчење.