Македонија
10. јуни 2016 - 8:27

Конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина

Во организација на Здружението на металурзите и Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, а во соработка со Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија денеска во Охрид ќе се почне Седмиот меѓународен конгрес на металургијата, материјалите и заштитата на животната средина.

На тридневниот Конгрес ќе учествуваат голем број ескперти од универзитети, истражувачки центри и институти од Германија, Финска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Турција, Словачка и други, како и претставници од македонската металуршка индустрија.

Тие во рамки на дискусиите на Конгресот ќе ги презентираат своите најнови сознанија за теми релевантни за оваа индустрија.