Македонија
24. September 2016 - 11:04

Конференција „Зелените политики катализатор за развој на македонската демократија и квалитет на животот“

Меѓународна конференција „Зелените политики како катализатор за развојот на македонската демократија и квалитетот на живот“ денеска и утре ќе се одржи во Скопје, во организација на Зелен институт и Буреау де Хеллинг од Холандија.

На конференцијата, како што е најавено, обраќање ќе имаат Рејхард Бутикофер, член на Европскиот парламент и ко-претседавач на Европската партија на зелените и директорката на Фондацијата Буреау де Хелллинг од Холандија Росали Смит.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат и работилници за демократијата и човековите права, социјалната правда, заштитата на животната средина и развојот на зелената економија, а кои треба да резултираат со конкретни препораки од присутните, кои ќе се достават до релевантните чинители во Македонија.