Македонија
29. November 2019 - 8:50

Конференција „Здружени локално против насилниот екстремизам”

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска ќе одржи завршна конференција во рамки од проектот „Здружени локално против насилниот екстремизам” финансиски поддржан од Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ).

Целта на конференцијата, информираат од НСРР, е презентирање на постигнатите резултати и научени лекции во рамки на спроведените активности од проектот. Ќе се презентираат целите на проектот, активностите спроведени во рамки на истиот како и изработените локални акциски планови и документот за креирање на јавни политики со практички препораки за превенција од насилен екстемизам и радикализација.

На конференцијата е предвидено да се обратат претставници од Министерство за внатрешни работи, претставници на локалната администрација и институциите од општините во кои проектот се имплементираше, на невладини и меѓународни организации, експерти од областа на насилниот екстремизам и радикализација, учесници на настаните спроведени на локално ниво.