Конференција „Зајакнување на соработката меѓу правосудните институции од Западен Балкан“
Под мотото „10 години професионална правосудна обука“ во чии рамки се одржаа повеќе настани, а по повод одбележувањето на десетгодишнината од постоењето на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, денеска и утре во Скопје, ќе се одржи регионална конференција на тема “Зајакнување на соработката помеѓу правосудните институции од земјите во Западен Балкан”.
Целта на конференцијата е да ги обединат директорите на институциите за правосудна обука од Западен Балкан и низ презентации на досегашните достигнувања да се разменат идеи за понатамошно зајакнување на соработката помеѓу овие институции.
Конференцијата ќе ја отворат директорката на Академијата, Анета Арнаудовска, генералниот секретар на Европската мрежа за правосудна обука ЕЈТН, Војчех Постулски и раководителот на Секторот за фондови, ГИЗ – Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Правна реформа, Кристофер Вил.
На конференцијата најавено е присуство на директорите на институиците за правосудна обука од Хрватска, Турција, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, директорите на Европската академијата за јавна администрација (ЕИПА) од Луксембург и Академијата за европско право (ЕРА), генералниот секретар на Европската мрежа за правосудна обука ЕЈТН, претставници од Советот на Европа, Регионалниот совет за соработка, како и претставници на органите и телата на Академијата за судии и јавни обвинители.
Конференцијата е во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а во соработка со Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – правна реформа (ГИЗ).
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.