Конференција за важноста на науката и истражувањето за одржлив развој
Промоција на научната извонредност, меѓународната академска соработка, и отворање дебата за важноста на науката и истражувањето е целта на конференцијата со наслов „На вратата на Европската Унија: Улогата на науката и истражувањето во одржливиот развој на балканскиот регион“ што од 19 до 23 април ќе се одржи во Скопје и Охрид.
Конференцијата е во организација на Хумболт и ДААД-клубот Македонија, алумни асоцијација која ги обединува корисниците на стипендии на престижните германски фондации ДААД и Александер фон Хумболт.
На научната конференција ќе присуствуваат добитници на стипендии на оваа фондација од Балканскиот регионот, како и гости од Италија и Јордан, професори од Германија, како и интелектуалци и млади истражувачи од нашата земја.
Фондацијата Александер фон Хумболт е една од најреномираните во светот за поддршка на научната академска елита на глобално ниво, во чие семејство учествуваат повеќе од 27.000 врвни научници од сите дисциплини, вклучувајќи повеќе добитници на Нобеловата награда, и за среќа, неколку научници од нашата земја.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари