Македонија
5. April 2018 - 9:01

Конференција за услугите во социјалната дејност и јавното здравство

Конференцијата „Итни потреби и приоритети за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство” ќе се одржи денеска во организација на Центарот за управување со промени.

На конференцијата ќе се обратат министерот за здравство Венко Филипче и извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска.

На конференцијата ќе бидат претставени резултатите од истражувањето на јавното мислење за социјалните и здравствени услуги, кое за потребите на проектот „Следење на административната правда”, финансиран од Британската амбасада, го спроведе агенцијата М-Проспект на репрезентативен примерок испитаници, во периодот од 9 до 23 Октомври 2017 година.

Во рамки на конференцијата ќе бидат презентирани и податоци за социјалните услуги за деца и лица со посебни потреби, за активните мерки за вработување, за висината на пензиите и евентуалната потреба од промена на актуелниот пензиски систем.