Конференција за старт-ап бизниси
Конференција за поддршка на македонската старт-ап заедница ќе се одржи денеска во Скопје како дел од глобалниот завршен настан на т.н. Европска старт-ап недела.
Настанот е организиран во исто време во цела Eвропа, а целта е да им помогне и да ги промовира старт-ап компаниите, но и институциите кои посредно и непосредно се вклучени во нивното работење. Инициран е и директно поддржан од ЕУ, а претставува можност на едно место да се соберат сите чинители кои учествуваат во процесот на работењето на една старт-ап компанија.
На конференцијата во Скопје голем број локални претприемачи и засегнати страни во три сесии ќе ги претстават своите искуства, ќе дискутираат за можностите за старт-апи, како и за конкретната и непосредна соработка за олеснување на овој процес.
Конференцијата ќе ја отворат коорганизаторите: Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерцијата на Македонија, Зоран Настески од Инсешн Ентерпрајс, Јулијана Прчковска од Млади Груп, Игор Маџов од НМБА и Нина Николиќ од Старт-ап Селфи.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота