Бизнис
5. February 2016 - 8:15

Конференција за старт-ап бизниси

Конференција за поддршка на македонската старт-ап заедница ќе се одржи денеска во Скопје како дел од глобалниот завршен настан на т.н. Европска старт-ап недела.

Настанот е организиран во исто време во цела Eвропа, а целта е да им помогне и да ги промовира старт-ап компаниите, но и институциите кои посредно и непосредно се вклучени во нивното работење. Инициран е и директно поддржан од ЕУ, а претставува можност на едно место да се соберат сите чинители кои учествуваат во процесот на работењето на една старт-ап компанија. 

На конференцијата во Скопје голем број локални претприемачи и засегнати страни во три сесии ќе ги претстават своите искуства, ќе дискутираат за можностите за старт-апи, како и за конкретната и непосредна соработка за олеснување на овој процес.

Конференцијата ќе ја отворат коорганизаторите: Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерцијата на Македонија, Зоран Настески од Инсешн Ентерпрајс, Јулијана Прчковска од Млади Груп, Игор Маџов од НМБА и Нина Николиќ од Старт-ап Селфи.