Македонија
14. October 2016 - 16:14

Конференција за справување со безбедносните предизвици врз Европа и Западниот Балкан

Мигрантските текови, тероризмот, економската нестабилност, климатските промени се дел од предизвиците кои оставаат негативни последици на Македонија и земјите од регионот. Затоа е потребно Западниот Балкан да соработува меѓусебе но и со Европските држави. Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски истакна дека мигрантската криза е еден од настаните кој покажа дека без заедничко дејствување неможе да се постигнат резултати.

Првиот човек на македонската полиција Оливер Спасовски осврнувајќи се на безбедносните предизвици во регионот истакна дека Македонија ги прави сите напори да остане на патот кон интегрирање во НАТО и Европската Унија.

Според министерот за одбрана Зоран Јолевски Македонија во бегалската криза покажа дека е достоен и сериозен партнер на Европската унија.

Дека Македонија е цврсто фокусирана кон воспоставување на мирот години наназад се докажува и преку мировните мисии во кои Армијата досега испратила стотици припадници.