Конференција за социјални иновации во Скопје
Говорници од Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Македонија, Полска, Србија и Шведска, во форма на ТЕД говори ќе споделат инспиративни приказни за тоа како нивните бизниси придонесуваат во креирање на подобра заедница, во рамки на Конференцијата за социјални иновации, што по втор пат се одржува денеска во Скопје.
Организаторот на конференцијата, Кристијан Милески од „Social Impact Lab“, на отворањето рече дека Скопје и Македонија денеска се центар на социјалната иновација и социјалното претприемништво.
Климентина Илијеска од Асоцијацијата за истражување, комуникација и развој „Паблик“, посочи дека конфернецијата се одвива во време кога препознаваат силна политичка волја да се направи соодветен еко систем за развој на социјалното претприемништво.
- Се надевам дека со дискуциите денеска ќе отвориме важни прашања, кои што ќе ги спојат европските пракси, нашето искуство и нешто што го носиме од поранешниот систем кога сме имале развиени социјални претпријатија. Не е само законската регулатива она што е најважно при креирање на еко систем, важно се и многу други сегменти, како што е вклучување на производите и услугите кои ги нудат социјалните претпријатија во набавките кои ги прават јавните институции, подигнување на јавната свест, поактивно информирање на граѓанството и вклучување на социјалните иновации и социјалното претприемништво во образовниот систем во земјата, рече Илијеска.
Во рамки на конференцијата ќе биде доделена наградата за социјално претприемништво „Social Impact Award“ за 2017 година. Национална координаторка на наградата Марија Матовска, посочи дека три од вкупно десет млади тимови, ќе добијат по 2.000 евра од „Шпаркасе банка“, а еден ќе добие дополнителна менторска поддршка, со цел основање повеќе социјални бизниси во Македонија.
Консултантот во глобалната мрежа за социјално претприемништво со седиште во Лондон, Питер Петашко, рече дека фокусот е на градење капацитети за организации кои поддржуваат социјално претприемништво, со цел создавање силни еко системи за поддршка, така што секој ќе може да започне и изгради социјален бизнис.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка