Балкан
17. November 2015 - 9:28

Конференција за регионална соработка во евроинтеграциите во Сараево

Во организација на Германското друштво за меѓународна сосработка (ГИЗ), денеска во Сараево ќе започне дводневна конференција на тема „Регионалната соработка во Југоисточна Европа - Со заедничка работа до членство во ЕУ“.

На средбата е најавено учество на политички претставници и експерти од земјите од балканскиот регион, Австрија, Германија и од неколку меѓунардони организации.

Во рамки на конефренцијата ќе бидат одржани панели на тема „Ширењето на ЕУ во ново руво? Рефлексиите на Берлинскиот процес и стретегиите за напредок“ и „Насочување на бродот на регионалната соработка во време на предизвици“, а ќе се расправа и за економските реформи, конкурентност и фискаланта консолидација на земјите од регионото, за изградбата на општетства на владеење на правото, како и за предизвиците поврзани со актуелната багалска криза.