Македонија
22. јуни 2018 - 8:20

Конференција за реформите во безбедносниот сектор и пристап до правда

Конференција на тема „Реформи во безбедносниот сектор, владеење на право и механизми за пристап до правда“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Комитетот за заштита на правата и сродните здруженија.

Конференцијата, како што велат организаторите, е посветена на реформите во безбедносниот сектор и  спроведувањето на заклучоците на Владата на Република Македонија за политички мотивираните случаи донесени на 68-та седница, одржана на 15 мај годинава.

На конференцијата нјавено е обраќање на заменик министерот за правда Оливер Ристовски, на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски, на државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска и на експерти од областа на безбедноста и кривично-правната материја.