Македонија
21. December 2016 - 8:21

Конференција за политики за одржлив локален развој

 

„Реосмислување на децентрализацијата: Промовирање на кохерентни политики за одржлив локален развој во Република Македонија“ е тема на годишната конференција на Министерството за локална самоуправа.

Конференцијата е организирана во соработка со ОБСЕ, а на неа ќе говорат министерката за локална смаоуправа Ширет Елези, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска, како и претставникот на ОБСЕ во Република Македонија, Гонзало Де Чезаре.

Во двете сесии, како што информираат од Министерството, ќе учествуваат експерти од земјата и од странство кои што ќе дебатираат на теми за улогата на локалната самоуправа во планирањето на оддржливиот развој.