Македонија
18. July 2016 - 8:38

Конференција за подобрување на туристичката соработка во регионот

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира конференција за подобрување на туристичката соработка помеѓу Македонија и Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и заеднички настап на трети пазари.

На конференцијата „Светските трендови во туризмот бараат регионална туристичка понуда“ ќе се дискутира за зголемување на туристичката соработка помеѓу земјите, зголемување на бројот на туристи и креирање заеднички туристички понуди помеѓу земјите за настап на трети пазари.

Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе присуствуваат претседателот на туристичко-угостителската комора при ССК Аркан Керим, како и амбасадорите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија во Република Македонија.